Press "Enter" to skip to content

Нова висока победа на Топ гол на гостувањето во Македонски Брод

Со конечен резултат од 6:0, полувреме 4:0, Топ гол од Битола ја совлада екипата на Порече 2015 на гостувањето и прокнижија нови три бода на нивното бодовно салдо.

Натпреварот од 6 коло кој се одигра на фудбалското игралиште во Македонски Брод , битолчанки уште еднаш ја потврдија својата доминација и квалитетот и се најсериозен кандидат за освојување на титулата есенски шампион.

Головите за Топ гол ги постигнаа : Милевска во 5 и 34, Стојчевска во 36, Стевановска во 45, Талевска во 62 и Триста во 82 минута.

-Имавме доминација на играта за време на целиот натпревар, имавме шанси за гол и за повисок резултат. Со секој натпревар наметнува наше темпо и стил на игра. Сакаме да бидеме на врвот на табелата на крајот на полусезоната, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Талевска, Трајчевска, Милевска, Талевска, Стојчевска, Гоцевска, Гроздевска, Стевановска, Јовановска, Давчева и Димитровска уште играа Павловска, Триста, Неделковска и Божиновска.

Следната коло Топ гол во Битола ја пречекува екипата на Победа од Валандово.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »