Голден Арт – Еурофарм Пелистер 18:31 (7.12)
Спортска сала „Јане Сандански“ – Скопје, гледачи: 100
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Голден Арт: Даскаловски, Виларов, Трајковски 4, Даев 2, Гучески 1, Шилегов 3, Јанковски, Рајатовски 2, Миланов 2, Павличковски, Илиев, Мандиќ, Милошески 2, Гошевски 1, Дрпљанин, Гајиќ 1ж
Еурофарм Пелистер: Лесјак, Ристевски, Ојлески 5, Кузманоски 2, Радовиќ, Танкоски 2, Костески 7, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски, Васиљев, Суси 1, Пешевски 5, Сери 2, Хенеберг 3, Пав. Атанасијевиќ 4.
Ракометарите од Битола, Еурофарм Пелистер ја запишаа во 9. коло од “Б“ групата, осмата победа откако во Скопје над Голден Арт со 18:31, полувреме 7:12. “Пелистерци“ почнаа моќно во одбраната, па Лесјак не прими гол цели дванаесет минути, а резултатот беше 0:4. Потоа беше 6:9 во 24. минута, за 7:12 на полувреме.
На стартот “пелистерци“ имаа серија од 3:0, а во 33. минута се полесно се повреди Радовиќ. На крајот 18:31, лесна победа за Еурофарм Пелистер.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Костески со 7, Ојлески и Пешевски со 5 гола.