Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:0
(25:18; 25:09; 25:18)
Во четвртото коло од Втората државна лига на Македонија, екипата на Пелистер Волеј од Битола, се враќа од Струмица со полн плен од гостувањето кај екипата на Виктори Волеј, со нови 3 бода, во натпревар во кој за само 62 минути игра ја совлада домашната екипа со максимални 3:0 по сетови.
-Полека но сигурно се искачуваме кон смиот врв и ова е трета последователна максимална победа. Денес игравме натпревар во кој заради повреди или настинки отсуствуваа повеќе наши играчи, па иако истрчавме со речиси комплетно нестандарден состав, победата е доказ дека Пелистер има квалитет да се бори за враќање во првата државна лига и секоја, макар минимална шанса ќе пробаме да ја искористиме, истакнуваат од Пелистер Волеј.
Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 18, Емилија Бицевска 10, Ивана Белокозовска 9, Софија Проковиќ 7, Емилија Ивановска 5, Билјана Јаковлевска 5, Василиче Наумоска 2 и Лиле Лозановска 1.