Press "Enter" to skip to content

“Бизнис Академија Смилевски“ во Битола одржа меѓународна научна конференција (фото)

“Бизнис Академија Смилевски“ во Битола одржа меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки, “Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ оваа година со тематски фокус “Академски и менаџерски предизвици, остварувања и научени лекции од земјите во транзиција кон пазарно стопанство “.На свеченото отворање се обрати проф. д-р Цветко Смилевски како претседател на Програмскиот одбор на конференцијата, како и директорката на БАС проф. д-р Маја Кузмановска. За оваа Конференција се пријавени 44-ри трудови, од кои три беа презентирани во пленарниот дел од Конференцијата, а останатите 41 труд беа распоредени во четири тематски форуми, кои опфаќаат минати, сегашни и идни предизвици, со што целокупниот пристигнат материјал ќе биде систематизирано презентиран.Панелисти на конференцијата беа универзитетските професори Цветко Смилевски, кој говореше за “Улогата и ефектите на претпримаштвото во транизацијата на македонското стопанство, професорот Ризван Сулејмани кој говореше на тема “Справување со конфликтите во периодот на транзиција на македонското општество“ и професорот Петер Одри кој се осврна на “Временски и просторен тек на индустриската-стопанска транзиција во Источна Европа“.Според востановената традиција, на меѓународната конференција и претходеше манифестацијата „Менаџерски муабети“ која годинава беше на тема „Претриемачка транзиција“, а учествуваа Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори, Наташа Несторовска, член на Управен одбор на Стопанска банка-Битола, Христина Фуна, сопственик и финансиски менаџер на Синпекс-Битола и Благоја Стојчевски, сопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО.Она на што посебно се горди од БАС е вкупната бројка на трудови од сите седум конференции. Импозантната броја од 545 научно – истражувачки трудови е плод на досегашната работа на програмскиот и организацискиот одбор, како и на сите соорганизатори оваа година и наназад – истакна проф. д-р Лидија Стефановска, претседател на организацискиот одбор.Оваа година групацијата “ДЕТРА Центар“, “Бизнис Академија Смилевски“ и “БАС Институт за менаџмент“ Битола го прославуваат својот 30 годишне јубилеј “30 години создаваме менаџери“.

More from ВестиMore posts in Вести »