-Како спортски новинар, во Битола, пред 10 години присуствував и беа излагач на тркалезна маса во организација на ОБСЕ, на која учествуваа полицијата, претставници на навивачката група “Чкембари“, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, претставници на Агенцијата за спорт и млади и други спортисти и спортски работници, започна со своите сеѓавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Целта на овој состанок беше да се спречи насилството на спортските терени особено по случувањата на последното вечно дерби на македонскиот фудбал на стадионот во Скопје, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, вели Миновски.
На расправата во која сите страни активно се вклучија се отворија многу прашања, а сите страни си ја кажаа “својата приказна“. Навивачите бараа подобри услови за спорт во Битола, а тие да се направат со поддршка на ФФМ и Агенција за спорт и млади, за да се вратат навивачите на стадионите и салите, а потоа да се расправа за насилството во спортот.
Што се однесува пак до насилството на трибините “Чкембарите“ не се оградија од тоа, но рекоа дека виновниците треба да се бараат на сите страни, навраќајќи се на последниот инцидент во Скопје на натпреварот меѓу Вардар и Пелистер, а рекоа дека насилството беше од другата навивачка група.
Тркалезна маса од ваков тип е прва во Македонија, на која се зборуваше отворено за зачестеноста на инцидентите на спортските терени, но беше речено дека овој тип на превенција треба да продолжи и понатаму, како и до сега со вклучување на поголем број учесници.

Деновиве пред 10 години: ОБСЕ во Битола ги “седна“ на иста маса полицијата и навивачите (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски