Куманово – Пелистер 78:81
Вечерва во Куманово се одигра натпреварот од 5. коло од домашното првенство, во кој во израмнета игра и чести промени на водството, победи екипата на Пелистер која играше посмирено, посконцентрирано во моментите кога се кршеше резултатот, ги носи бодовите во Битола.
Куманово и Пелистер беа рамноравни ривали во првото полувреме. Или 20.минути во кои ниту една од двете екипи не успеа да направи некоја посериозна предност. Највисоката предност, од шест поени, ја имаа гостите од Битола. Во 13.минута поведоа со 30:24, по што успеди серијата од 10:0 на Куманово, за пресврт, но повторно се врати предноста за Пелистер, 36:34, со мала разлика од само 2 поени се отиде на одмор.
Слично се одвиваа работите и во второто полувреме, во третата четвртина, по предноста на Куманово од 53:47, која заврши со +4 за Пелистер, 60:64. Рамноправно беше и во последната четвртина, кога беше 74:74 на три минути до крајот. “Пелистерци“ до крајот на натпреварот се снајдоа многу подобро, а победија со +3 (78:81).
Најефикасен кај Пелистер беше Хаџифејзовиќ со 20 поени, Караџовски со 15, Карутерс со 14, а Мустафица со 12 поени и 13.скока за Пелистер.