Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер 2 поразен во Битола од Пролет (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 23:25 (9:14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски.

Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски 1, Кукуловски 2, Митревски 1, М. Димовски, Талевски, Петровиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 2, Ивановски 6, Буторац, Белистојановски 2, Југовски, Блажевски 1, Арсеновски 4

Пролет: Петковски, Михаљевиќ, Аларов 3, Тотиќ, Василевски 1, Пецаковски, Донев, Додевски, Димов 5, Андоновски 3, Џонов 6, Мајнов, Т. Димовски, Крстески 1, Јагуриновски 3, Палевски 3.На домашен терен, во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер 2 е поразена од екипата на Пролет со резултат 23:25, полувреме 9:14, во натпреавр кој решавање кој ќе биде второпласиран во “Б“ групата од Супер лигата. Натпреварот започна и се играше изедначено петнаесетина минути, а потоа Пролет направи серија, и од резултат 7:8, на полувремето  Еурофарм Пелистер 2 мораше за замине со -5 (9:14).И во второто полувреме Пролет имаше висока предност за 16:20, по што следуваше добра и ефикасна игра на “пелистерци“ кои на еден гол на Пролет, постигнуваа по 2, за да дојдат до 21:23, а потоа и на -1 (22:23), а сето ова наговести драматичен финиш. Пред самиот крај Белистојановски се лизна на паркетот и наместо да постогне гол, се повреди, а гостите ја задржаа предноста за победа. Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Мартин Ивановски со 6 и Петровиќ и Арсеновски со по 4 постигнати гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »