Пелистер Волеј – Феникс Волеј 2:0
(25:06; 25:18)
Пелистер Волеј – Работнички Скопје 2:1
(22:25; 25:19; 15:09)
Во рамките на Државно првенство Младинки група “Б“ во Битола се одиграа два натпревари, а младите одбојкарки на Пелистер Волеј забележаа и две нови победи против Феникс од Гостивар и Работнички Скопје.
-Првиот лесно добиен против екипата на Феникс, додека вториот натпревар против Работнички Скопје беше повторно игра на живци и надмудрување исто како пред три седмици, кога на идентичен начин и покрај убедливата игра во првиот сет и фуриозниот старт (имавме двоцифрена разлика) го испуштивме сетот во последен миг. Во вториот сет пак иако не одеше се како што треба, дојдовме до изедначување и 1:1. До победата дојдовме со одличен старт и 8:0 во третиот сет и со целосен пресврт, со конечни 15:09 за зацврстување на првата позиција во групата, велат од Пелистер Волеј.
Поените денес ги освоија – Пелистер Волеј – Феникс Волеј: Лиле Лозановска 6, Василиче Наумоска 6, Марија Ристеска 4, Емилија Бицевска 4, Билјана Јаковлевска 2, Ирина Трајковска 2, Мила Андоновска 2, Ева Мијакова 1.