На 06.11.2022 во СВР Битола, 23 годишна жена од Битола пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг на возраст од 33 години од демирхисарско село. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.11.2022 во СВР Битола 35 годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг 36 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.11.2022 во 15.54 во СВР Битола било пријавено дека на локален пат за с.Рамна, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „митсубуши пајеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (34) од Битола и патничко моторно возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.И. (35) од село Алданци, крушевско. Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола се здобила З.И. (60) од с.Алданци, сопатничка во возилото „ауди“. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.