Press "Enter" to skip to content

Трибина на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – Битола “Св. Праведен Јоаким Крчовски – Живот и Прослава“ (фотогалерија)

-Ревноста твоја по Христа Господа, наставник те направи на православните, вистината која ослободува ја полагаше пред секоја душа човечка, о Јоакиме пастиру Божји, моли се за нас, оче свети, непрестајно да стражариме над себеси, по твоите молитви, – Тропар на светиот праведен отец Јоаким Крчовски.Вечерва во Офицерски дом во Битола, Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја одржа научно-истражувачка трибина со наслов “Св. Праведен Јоаким Крчовски – Живот и Прослава“ на која присуствуваа градоначаникот на Битола  – Тони Коњановски, претседателот на Општинскиот комитет  – Пеце Милевски, претседатели на телата на партијата и голем број верници.Научно-истражувачка трибина ја отвори претседателката на Унијата на жени, Анѓелка Диневска која се заблагодари на Отец Серафим и Сестринството при Манастирот  и рече:-Вечерашните говорници ќе зборуваат за Св. Праведен Јоаким Крчовски, ќе ни прикажат стари документи, записи, видео записи, книги, печатен материјал за големината на нашиот македонски идентитет, за јазикот, историјата…, за Св. Праведен Јоаким Крчовски, кој бил учител, светител кој живеел пред два века, македонски светец и прв македонски просветител, свештеник и учител на православието, народен учител…  Преку неговата канонизација можеме само да му се заблагодариме за неговото големо дело. Градоначалникот Коњановски на денешната трибина рече:-Организацијата на еден ваков настан на кој се зборува за величината и делото на Св. Праведен Јоаким Крчовски е од големо значење бидејќи на овој начин и денес ја покажуваме грижата за зачувувањето на нашата вера, јазик и нашиот идентитет. Делата на макед0нскиот светец и првиот македонски просветител кој одиграле значајна улога во верската и морална просвета неопходно е да бидат столб на кој ќе се темели нашето денешно однесување според високите морални вредности. Следејќи го духот на Христијанската вера со континуирано учење за делувањето во историските периоди, во времето во кое живееме е обврска за достојна почит кон минатото од кое треба да ја градиме иднината.Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски рече:-Пред големиот празник Митровден сакам да ви го честитам празникот Митровден, а ова е  вистински термин да се зборува за Св. Праведен Јоаким Крчовски, за време на битката која ја водиме за Православието, за Духот… Посебно сакам да го поздравам егуменот Серафим од Слепченскиот манастир, кој до денес преставува културен центар од времето на Самоиловото владеење, а го изградила неговата ќерка Косара. Добро е да се каже дека постојат два духовни книжевни центри на просторот на Македонија од средновековието, едниот е Кратовскиот, а другиот е Слепченскиот, но да оставиме тоа подобро тоа да го кажат гостите, нашите следни говорници, кои тоа најдобро го знаат.Пред граѓаните говореше отец Серафим, игумен на манастирот “Св. Јован Претеча“ од село Слепче и претставнички на Сестринството при Манастирот, отец Серафим за тоа зошто е важно да се прогласуваат македонски сцетци рече:-Свети Наум Охридски е роден и живеел во Охрид, но тој е светец на целиот православен свет, а има и многу други, но добро е што потекнуваат од тука. Денес ќе зборуваме за еден движник, молитвеник, кој што во свое време пропознал и го почнал она што Апостолите го предвидувале. Ќе се запознаеме со Св. Јоаким Крчовски кој што е роден во Крчово, Егејска Македонија, а пропатувал со своето семејство низ денешна Бугарија, на делот на Пиринска Македонија, за да стигне да го шири Словото Божјо во Кратово, Крива Паланка.Потоа од страна на Сестринството беше зборувано за книгата “Свети Праведен Јоаким Крчовски“ издадена од манастирот “Св. Атанасиј Велики“, чии автори се Кипријан Слепченски – творештво на сестринството на манастирот “Св. Јован Претеча“ од Слепче, во која е изложена вистината за радоста и тагата на душата Јоакимова, чистотата на срцето и просветленоста на умот негов. Но, исто така се фрли светло и на времето од 19 век кога не само што се кршеа прстите, туку се превиваа и раните, од каде што се изобразија и печатите. Пред Битолчани првпат беше претставена иконата на Свети праведен Јоаким Крчовски, која за прв пати го “напушти“ манастирот, канонизиран годинава во мај, дело на Слепченската иконописна работилница. Инаку, манастирот посветен на Св. Јован Претеча според одредени истражувања на старите преклопни мапи  е изграден во петтиот век, а легендите за името на селото Слепче во демирхсарскиот крај го врзуваат манастирот со поголема група војници на Цар Самоил кои враќајќи се од Беласица тука го продолжиле и завршиле животот.

More from ВестиMore posts in Вести »