Националната установа Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“ – Битола и ОУ “Даме Груев“ од Битола, заеднички го одбележаа Месецот на книгата и Меѓународниот месец на училишните библиотеки.-Изминатиот период беше распишан ликовен и литературен конкурс. Среќни и горди сме што пристигнаа голем број квалитетни и креативни литературни и ликовни творби. Во врска со активноста формирана е комисија на избор на најквалитетните творби, кои навистина изобилуваа со својот квалитет и креација при што комисијата имаше сериозна работа да ги избере најуспешните, рече директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и ОУ „Даме Груев“ – Битола ги доделија следниве награди за ликовен конкурс за ученици од основните образованија, а беше реализиран с0 библиотекарките Билјана Герас и Роза Јовановска и директорката на ООУ „Даме Груев“ – Битола на Билјана Дамчевска, кои помогнаа во соработката, интересот и мотивот сите да бидат дел од нашите активности со цел поголема популаризација на читањето на книги и посета на нашата библиотека, како и на учениците.
Во холот на библиотеката е поставена изложба од креативните литературни и ликовни творби од настанот.
Инаку, официјалното одбележување на Денот на библиотеките започна во 1999 година на иницијатива на УНЕСКО. Овој статус првпат го објави претседателот на Меѓународната асоцијација на училишни библиотеки, Питер Јенко, во 2005 година. Во 2008 година координаторот на проектот објави дека еднодневниот празник се претвора во меѓународен месец, односно од тој момент во октомври е месецот на училишните библиотеки.

Доделени награди и отворена изложба по повод октоври месец на книгата
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом
- Групата “Нокаут“ акустично пред битолската публика (фотогалерија)
- Современа словенечка графика “Исто Сонце“ во КИЦ Битола (фото)
- Владимир Костов добитник на наградата за “Животно дело на Роднокраен автор од Битола“