Press "Enter" to skip to content

Во Битола стабилно со ниска облачност, попладне сончево

Денес, четврток, 10 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност. Попладне сончево со мала до умерена облачност. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, петок, 11 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Температурата во Битола до 14 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »