Денес на Француските гробишта во Битола традицонално, како и во изминатите повеќе од 15 години, во Битола се одржа комеморација по повод Денот на примирјето во Првата светска војна, (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), кое го организира Француската амбасада во Македонија.Денес комеморацијата се одржа по повод повод 104-годишнината од Денот на помирувањето во Првата светска војна, во 1918 година.
Традиционално венец на костурницата кај Француските гробишта заедно положија Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција и вгерманскиот вршител на должност амабасадор во Македонија – Ото Граф, предводени од нивните воени аташеа.
Претходно Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција им се обрати на присутните, кој ја нагласи причината за комеморацијата е тоа е потсетување за денот на примирјето, кое е потпишано на 11 ноември 1918 година, а се осврна и на сегашната сосојба по повод нападот на Русија врз Украина.
Баумгартнер говореше за декларацијата на оваа заедничка комеморација која годинава има посебно значење поради враќањето на воената агресија во Европа. Затоа, посочи, е битно помирувањето и заедништвото.
-Ова лето со поддршка на француското претседателство со Советот на ЕУ и со помош на цела Европа, вашата земја доживеа отворање на европските перспективи. Од една страна имаме настани што нè носат во едно мрачно минато, од друга страна развој што нè влече кон подобра заедница, изјави францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер.
-Денес сме тука да оддадеме почит на сите паднати борци во Првата Светска војна и сите тие имале свои фамилии, мајки, татковци, деца, тука не сме за да процениме кој каква војна водел, туку да оддадеме почит кон загинатите војници и цивили, рече Ото Граф, вршител на должноста амбасадор на Германија во земјава.
На комеморацијата, цвеќе положија министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, претставници на Парламентот – пратеничката во Собранието, Олга Лозановски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, дипломатски претставници во државата, како и почесните конзули во Битола, ветераните од Франција и Сојузот на борци од Битола.
На крајот на комеморацијата сите заедно им оддадоа почит на загинатите, а беа интонирани Француската, Македонската и Германската химна.
Инаку, чествувањето на примирјето започна од синоќа со отворање на репродукцијата на дела на францускиот уметник Пејрисак на дел ѕидовите од холот во општинската зграда, а изутрината францускиот амбасадор го посети Ректоратот на битолскиот универзитет.

На Француските гробишта во Битола комеморација за Денот на помирувањето во Првата светска војна (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа