Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола предаде во употреба Студентски информативен центар, кој се наоѓа во комплексот “Стара касарна“ во Битола, а е сместен во една од старите згради која сега е во сопственост на УКЛО.Пригодната свеченост започна со сечење на лента од страна на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и министерката за култура во Владата на Република Северна Македонија, д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На настанот присуствуваа студенти, академски кадри и вработени од УКЛО како и гости од општествениот и политичкиот живот, меѓу кои градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Отворањето на Центарот на 10 ноември, Светскиот ден на науката според ректорот Неделковски не е случајно, бидејќи науката и уметноста прават кохезија и во СИЦ ќе се развива љубовта и кон науката и кон уметноста.
Министерката Костадиновска-Стојчевска му честита на новото раководство на УКЛО дека првата поголема задача ја посветија токму на студентите.
Успешна работа посака и градоначалникот Коњановски кој ја изрази подготвеноста на Општината за поддршка на науката и младите.
Во рамки на презентацијата на Центарот, проректорката за студентски работи, д-р Јасмина Буневска Талевска истакна дека тој е осмислен во содејство со студентите како повеќенаменски простор за дружење.
Тука има место за размена на идеи, работилници, обуки, за развивање креативни пристапи почнувајќи од едукација, па се до социјална и културна надградба.
Од име на студентите на УКЛО благодарност изрази Симона Наумовска лидер на УКЛО УССС.
Таа смета дека Центарот ќе биде еден вид жариште кадешто студентските идеи ќе се испреплетат и сплотат, ќе го подобрат студентското живеење надвор од факултетските аули и предавални.

Отворен Студентски информативен центар, СИЦ УКЛО (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски