Press "Enter" to skip to content

Се одржа Шопенова вечер, настапија ученици на Музичкото училиште

Друштво  за  македонско – полско  пријателство и соработка “Висла” – Огранок  во  Битола и Државно музичко училиште – Битола, синоќа во Битола, во Офицерскиот дом организираа Шопенова вечер, односно концерт на млади музички таленти од Битола.На учениците, професоркиот кадар и гостите, по завршувањето им се обрати претставник на Полската амбасада кој рече:-Чест и задоволство е да се биде дел од концертот, да можам да слушам музика на Шопен, посебно што концертот е организиран два дена пред државниот празник на Полска, 11 ноември. Сакам да се заблагодарам на сите учесници на младите пијанистки, на рецитаторките, а сите заедно успеаја да создадат неверојтна атмосфера на концертот. Им честитам и за високото ниво на изведба на Шопен, кој вооппто не е лесно да се изведе.На концертот шопенови дела ги изведоа дваесетина млади битолски таленти кои се школуваат во Државно музичко училиште – Битола, Марко Буџаковски, Алексеј Белевски, Јане Петровски, Теона Буџаковски, Деспина Куновски, Софија Славкоска, Тамара Василевска, Деа Ивановска, Лина Димовска, Софија Михајловска, Кристијана Илиевска, Зорица Јовчева, Матеа Стојаноска -, Анастасија Петреска, Давид Стојчевски, Аница Нелоска, Николче Петкоски, Димитриј Стојчевски, Јована Арсоска, Андреа Николовска, Леонардо Димоски, Михаил Јагуриноски и Арсениј Ангелески.Текстовите ги читаа и рецитираа Вероника Спасевска и Јована Спасевска.

More from ВестиMore posts in Вести »