Press "Enter" to skip to content

Францускиот амбасадор во посета на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола (фото)

Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, за време на посетата во Битола, денес  оствари средба со новото раководство на УКЛО – Битола на чело со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.Во текот на средбата, aмбасадорот Бомгартнер придружуван од Иго Бештел директор на ИФС, аташето за култура Бранко Чобанов и почесниот конзул, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, со домаќините од УКЛО ги потврдија добрите релации меѓу Амбасадата и Универзитетот.Во фокусот на разговорите опфатена е академската соработка поврзана со членството на УКЛО во универзитетската мрежа АУФ, можностите од Еразмус+ програмата меѓу кои и најновата фаранцуска иницијатива за Универзитетски алијанси, силно поддржана од Европската унија.На средбата стана збор и за позитивната соработка на УКЛО со француските институции и во тие рамки можностите за афирмација на франкофонијата и изучувањето на францускиот јазик на единиците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Инаку, Амбасадорот Сирил Бомгартнер втор пат е гостин на УКЛО и ова е негова прва средба со новиот менаџмент на Универзитетот.

More from ВестиMore posts in Вести »