Денес, петок, 11 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 14 степени.
Утре, сабота, 12 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 9 степени.