Press "Enter" to skip to content

По повод Денот на науката отворена изложба книги од автори членови на МНД – Битола (фотогалерија)

Синоќа во холот на Библиотеката во Битола, Македонското научно друштво-Битола, светскиот ден на науката го одбележа со промоција на изложба на книги од автори членови на друштвото, а сите ќе им бидат на располагање на љубителите на книгата.На отворањето на изложбата зборуваше претседателата на МНД Битола, вонр. проф. д-р Невена Груевска која рече:-Светскиот ден на науката го одбележуваме со различни содржини, а оваа година одлучивме на јавноста да и ги претставиме авторските дела на нашите членови, но и традиционалните изданија на МНД-Битола, односно стручно научното списание „Прилози“ и списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“. Тука се изложени дела кои се финансирани од МНД Битола и ние сме издавачи, но и дела кои членовите сами ги имаат финансирано и од други издавачи, а за брзо време сите ќе бидат дигитализирани.Изложбата за отворена ја прогласи проректорката Јасмина Буневска – Талевска и најави дигитализација на изложените книги, која во своето излагање додаде.-Наскоро книгите од оваа изложба ќе бидат дел и од новиот Студентски информативен центар на УКЛО-Битола во кој има над 1.200 книги. Со дигитализација книгите ќе бидат подостапни за нашите студенти, а нашата е-база побогата.Пред аудиториумот во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола се обрати и директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски и истакна дека храмот на книгата со изложбата на МНД-Битола е уште една потврда за успешната библиотечна дејност што ја врши таа национална установа.Изложбата ја посети и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој со внимание ги проследи изложените дела, но најде време и да се запознае со активностите на МНД Битола.На читателите достапни им се стотина книги, најголем дел изданија на МНД-Битола, но и книги од други издавачи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »