Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: безживотно тело на жител од Могила пронајдено во Преспанско езеро, малолетничка подолг време малтретирана од соученици…

На 11.11.2022 во 21.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во водите на Преспанското езеро било пронајдено телото на Р.А. (39) од село Могила, битолско, по што од Противпожарната единица Ресен било извлечено од водата и по наредба на Јавен обвинител било пренесено во Клиничка болница-Битола за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

На 11.11.2022 во 17.30 часот во СВР Битола А.Д. (43) од Битола пријавила дека подолг временски период во Битола нејзината малолетна ќерка била физички малтретирана од нејзини соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.11.2022 на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 26 возачи. Од нив, 18 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а осум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 11.11.2022 во 08,40 часот во Полициска станица Битола А.Ф. (72) од Битола пријавил дека неговата малолетна внука на бул. 1-ви Мај во Битола била касната од куче скитник.