Добитникот на стипендијата Тома Фила, постдипломката Ивана Марковска од Битола, започна да го остварува едногодишно стручно усовршување кај Адвокатското друштво “ИПСО ЈУРЕ“ 0д Битола.
Имено, во рамки на доделената стипендија, Фондацијата склучи Договор со адвокатот Андиријана Петровска Здравковска, со цел стипендистката Ивана Марковска да остварува едногодишно стручно усовршување и да биде ангажира како адвокатски приправник.
За стручното усовршување, постдипломката од УКЛО Ивана Марковска, ќе добива месечна стипендија што ја исплаќа Фондацијата.
Со доделувањето стипендија Тома Фила, УКЛО им дава дополнителен поттик и мотивација на своите студенти и помага во нивното стручно усовршување.