Press "Enter" to skip to content

Центарот за иновации и менаџмент го започна проектот „Зајакнување на капацитетите кај младите жени за претприемништво во ИТ секторот“

Центарот за иновации и менаџмент- Битола започна со реализација на проектните активности во рамките на проектот: „Зајакнување на капацитетите кај младите жени за претприемништво во ИТ секторот“.  Се одржа работилница наменета за млади жени од 18-29 години за претприемништво и претприемничко размислување.Реализацијата на проектот е финансиски поддржана од општина Битола. Во работна атмосфера, преку практични вежби се дискутираше за претприемништвото како начин на размислување и развојот на претприемачките вештини.Проектот има за цел да ги поттикне младите жени во ИТ секторот да ги идентификуваат и развиваат своите знаења, вештини и компетенции кои поттикнуваат подобар живот, подобри работни места, генерирање на просперитет, промоција на социјална инклузија. Вештините се во срцето на европската агенда и претставуваат пат кон вработливост и просперитет, катализатор во создавањето на работни места и раст.Претприемништвото се третира како начин на размислување кој е апликативен во секојдневниот живот во скоро сите области на работење и делување. Затоа сè поголемо внимание се посветува на образованието за претприемаштво. Целите на ваквото образование, кое се реализира на различни нивоа, подразбираат: прво, подигнување на свеста на учесниците за значењето и важноста од превземањето одговорност за сопствената судбина (напуштање на филозофијата „да се добие работа“ и прифаќање на филозофијата „секој сам да си креира работа“) и второ, промовирање на развојот на индивидуални квалитети (креативност, согледување на деловни предизвици и шанси во опкружувањето, превземање на ризик, флексибилност и адаптибилност, упорност и истрајност, ориентација кон преземање акција, одговорност за постигнатите резултати итн.) кои се посебно важни за идниот ангажман на секој поединец.Претприемачкото оспособување, во најширока смисла, треба да се третира како збир од знаења и вештини кои им се потребни на вработените за успешно делување и функционирање на пазарот, од една страна и на невработените, од друга, кои преку стекнување на вакви знаења и вештини би биле поконкурентни на пазарот на труд.  

 

 

 

More from КомерцијаMore posts in Комерција »