-Кога ќе зборува за вечно фудбалско дерби, веднаш асоцијацијата е натпревар помеѓу Пелистер и Вадрар во Битола, па така беше и пред 10 години, кога во ноември 2012 година во Битола се играше одложениот натпревар од четвртфиналето од македонскиот куп, каде Пелистер е поразен со 0:1, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој веднаш од својот новинарски бележник го прочита и составот на Пелистер.
-Коруновски, Китановски, Т. Магловски, Т. Вељановски, Лазаревски, С. Магловски, А. Вељановски, Ристевски, Миленковски (од 80 м. Рутевски) Главевски (од 75 м. Димитровски -) Б. Марковски. Тренер: Миле Димов. Капитен: Димче Ристевски.
-Фудбалерите на Пелисер не успеаја да ја прекинат лошата серија ниту против натпревар во Купот, во кој дома под Тумбекафе ја пречекаа екипата на Вардар, од која е поразен мининално, иако во текот на целиот натпревар немаа подредена улога во однос на актуелниот шампион, вели Миновски, а додава и дека “пелистерци“ голот го примија во моментите кога играа најдобро на оваа средба, додава Миновски.
Поради забраната за организирано доаѓање во Битола, “комитите“ не допатуваа Битола, а од страна на полицијата не им беше дозволено да допатуваат ниту во приватна режија, а тие кои со автомобили допатуваа до Битола од припадниците на МВР не им беше дозволено да го следат мечот. Така ова вешно дерби на македонскиот фудбал помина без навивачки дуел, но се она што го прави овој натпревар вечно дерби го имаше, публика, пиротехника, навивање, транспаренти, полиција, борбени возила, специјалци…

Деновиве пред 10 години: Пелистер – Вардар, кога беше вистинско дерби во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски