Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола против Тетекс постигна 11 гола (фотогалерија)

Пелистер – Тетекс 11:0 (7:0)

Во натпреварот од 12. коло од Втората фудбалска лига во Битола, екипата на Пелистер постигна убедлива победа изразена со двоцфрен број на голови, вкупно 11, а на полувреме резултатот беше 7:0.Капитенот Борче Маневски, кој играше само во првото полувреме постигна 3 гола, а останати стрелци беа Драгарски кој го отвори резултатот уште во 3. минута. Мустафов,  Стефановски, Китановски, Наумоски, Фазлију, Трајкоски и Здравевски постигна по еден гол.По 12.одиграни кола екипата на Пелистер е на 5. место на табелата со 23 бода. Лидер на табелата е Гостивар со 30 бода, следуваат Вардар со 29, Воска Спорт со 27 и Детонит со 24.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »