Press "Enter" to skip to content

Рекордна победа на Топ гол за прослава на есенската титула

Топ Гол – Победа 17:0 (7:0)

Во последниот натпревар од оваа полусезона Топ гол на домашен терен во Битола ја победи гостинска екипа на Победа од Валандово со висок резултат од 17:0, полувреме (7:0).  Топ гол е лидер на табелата со сите победи и главен конкурент за освојување на титулата.

Со седум погодоци на Милевска, пет погодоци на Гоцевска и по еден Марковска, Талевска, Стевановска, Димитровска и Неделковска Топ гол го собори својот личен рекорд на ефикасност на еден натпревар.

-Честитки за сите, оваа е победа е само круна на оваа полусезона. Имавме јасна цел освојување на есенската титула но со рекордни победи во низа. Поставивме и рекорд ја завршивме полусезона со само еден промен гол. Честитки и мојот стручен штаб за посветеноста и ангажирањето за времена целата полусезона. Упатувам и пофални зборови на двете екипи за фер плеј односот за време на целиот натпревар, рече тренерот на Топ Гол, Кире Грбевски.

За Топ гол настапија : Талевска, Трајчевска, Милевска, Гоцевска, Талевска, Стојчевска, Гроздевска, Стевановска, Давчева, Димитровска и Марковска уште играа Јовановска, Павловска, Триста, Неделковска и Божиновска.

Топ гол следниот натпревар ќе го игра во Куп натпреварувањето каде ждребката ќе одлучи со кој противник.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »