Како резултат на соработката на општина Битола и компанијата “IWConnect“, денес беше пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во “Брусничка населба“ во Нова Битола, кое е дел од проектот на компанијата за реконструкција на спортски комплекс во оваа населба.Денешниот настан, го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој јавно се заблагодари за реконструираното игралиште, нагласувајќи дека, со ваков вид на проекти во иднина значително ќе се подобрат условите за спортски активности на младите во општината.
Александар Мемца, партнер во “⋮IWConnect“ изрази благодарност до општина Битола за дадената можност за инвестиција, како и благодарност до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира. Тој нагласи, дека во тек е и втората фаза од проектот, која опфаќа реконструкција и на детското игралиште непосредно до кошаркарското.

Пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во “Брусничка населба“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски