Девојките од танцовиот клуб Степ Ап од Битола викендов се натпреваруваа во Сараево, Босна и Херцеговина, каде во организација на танцовиот спортски клуб Асторија се одржа натпревар во повеќе танцови спортски дисциплини, меѓу кои и натпревар за латино соло девојки, кој се одржува за прв пат во рамките на WDSF, а тоа значи на највисоко светско ниво.Танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола беше единствен луб кој со три девојки кои ја претставуаа Македонија, Антонија Гајтановска, Катја Козарова и Зорица Симјановска. Антонија Гајтановска, Катја Козарова настапи во јуниори 1 и јуниори 2, а Зорица Симјановска во возрасните категории постари младинци и возрасни.
Во многу силна и бројна конкуренција, низ неколку кола на натпреварување, почнувајќи од четвртина финале, преку полуфинале, обезбедија место и во финалните рунди.
На победничкиот пиедистал се најдоа Катја Козарова во категорија јуниори со освоено трето место и Зорица Симјановска во категорија возрасни која исто го освои третото место. Антонија Гајтановска во категорија јуниори 1 го освои 8 место, а Зорица Симјановска која настапи и во категорија постари младинци го освои четвртото 4 место.
Трите битолчанки Антонија, Катја и Зорица велат дека немаат многу време за одмор, бидејќи веќе ги почнуваа подготовките за нивниот следен меѓународен голем натпревар, Македонија Опен, кој следниот викенд ќе се оджи во Скопје.-Презадоволни сме од постигнатите резултати, а нашите девојки ги очекуваат бодовите со кои ќе бидат запишани на светската ранг листа. Овие медали и освони одлични пласмани се надеваме дека ќе бидат поттик, а воедно ги повикуваме сите од 5 годишна возраст кои имаат желба за танцовиот спорт да им се придружат во клубот и да ја доживеат магијата на танцот, порачуваат од танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола.