Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски, тренер на КК Пелистер: третата четвртина – репер како сакаме да играме

На кошаркарите на Пелистер им беа потребни само пет минути во второто полуврме, по израменетото прво полувреме, да го решат натпреварот во Битола, во своја корист, а “пелистерци“ одлично заиграа, поентираа и дојдоа до убедлива победа изразена со +19 поени.

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, по завршување на натреварот изјави:

-Свесни бевме дека предноста на противничката екипа ќе биде под обрачите, во играта на скокови. Иако од самиот почеток се трудевме да функционираме, лошо игравме. Го завршивме полувремето со наше водство. Секогаш очекувањата се дека ќе биде лесно и ќе биде голема разлика на крајот. Тоа не постои во ниту еден спорт, без разлика со која екипа играме.  Почетокот на третата четвртина донесе корекции во нашата игра и тоа е она што сакаме да го играме и да изгледаме како што изгледавме. Честитки до играчите, секогаш велам дека нема слаб противник, туку има ден во кој игра. Топката е кружна и не знаеме како ќе се заврши натпреварот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »