Во свечената сала на Офицерски дом во Битола свечено беше потпишан меморандум за културна соработка меѓу Културно и информативен центар – Битола, Македонија и Културно-информативниот центар во Подгорица, Црна Гора.Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот беше потпишан од директорките на актуелните институции Лили Бошевска и Снежана Бурзан Вуксановиќ, а со овој договор продолжуваат активностите на полето на меѓународната соработка што е од исклучителна важност за идните културни релации со земјите од регионот и светот на КИЦ Битола.
На средбата присуствуваа Н.Е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора, Милорад Андријашевиќ , како и претседателката на Советот на општината Битола Габриела Илиевска и заменик градоначалник Бојан Бојкоски.
-Потпишуваме меморандум за сорабтка со почитуваната Снежана Бурзан која директор на КИЦ Подгорица. Многу сме среќни и задоволни бидејќи оваа институција постои 55 години и на некој начин ќе го сподели нивното искуство со нас, иснтируција која постои една година. И на овој начин да ги продлабочиме и онака добрите пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, а за сето ова има поддршка од Општина Битола, и од заменик градоначалникот Бојан Бојковски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, кои се тука со нас. Секако со нас се и почесниот конзул на Црна Гора Мики Андријашвиќ и амбсадорката на Црна Гора – Марија Петровиќ. Среќни сме што се тука, разговаравме за сите потенцијални можности, каде и како ќе соработуваме, да не биде само соработка ставена на хартија, туку плодна жива соработка која ќе значи размена на уметници во двете насоки, размена на идеи и културни настани и се што значи добробит за двата народа, изјави после потпишувањето директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска.
-Многу се радуваме на идната соработка со Културно-информативниот центар Битола. Од Подготива, една мала делегација од Подгорица сме овде веќе два дена, одлично се чувствуваме, ја чувствуваме енергијата на градот на клавирите, на љубовта, уметноста, градот на амбасадорите, конзулите, се се чувствува во воздухот и верувам дека уметниците кои ќе доаѓаат од Подгорица и другите градови тука од Црна Гора, во овој величествен храм на културата, ќе ја почувствуваат таа енергија и ќе разменат со вашата публика емоции, што е цел на уметноста.
Среќни сме уметници ќе доажаат во Битола на оваа сцена во Битола, но и мора да кажеме дека и досега сме имале соработка но таа ќе биде продлабочена, реќе Снежана Бурзан Вуксановиќ, директор на Културно – информативниот центар во Подгорица.
За новата соработка која ќе биде воспоставена зборуваше и амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, која рече:
-Големо задоволство е што сум во Битола по овој повод, двете земји имаат пријателски односи развиени на сите нивоа, без отворени прашања. Граѓаните се поврзани меѓусебе, постои тоа пријателство и блискост меѓу нашите граѓани. Токму тоа пријателство наша цел е да го развиваме, не само на политичка и економска основа, туку и на најважното, културното ниво“, изјави:
-Мојата главна задача, како почесен конзул на Црна Гора во Битола е воспоставување на културна и економска соработка. На културна соработка сме доста подобри и ова е еден од тие значајни настани кои се случуваат. Нема да останеме на ова, соработката ќе ја продолжиме, веќе имаме договорено неколку проекти кои се надевам за брзо време ќе се реализираат, истакна конзулот на Црна Гора во Битола, Милорад Андријашевиќ.
Фото: Дамијана Ристевска