Press "Enter" to skip to content

Во Тетово продолжи победничката серија на Пелистер Волеј од Битола

ТЕ Волеј – Пелистер Волеј 0:3

(13:25; 06:25; 16:25)

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, во Тетово, ја продолжија победничката серија, со петтата по ред победа, во рамките на 6. коло од Втората обојкарска лига. Во натпреварот “пелистерки“ доминираа од почеток до крај, а победата беше само прашање на време, па така за само еден час ги освоија бодовите.

Предводник на победата беше најискусната, велешанката Емилија Ивановска со 15 поени и без ниту една директна грешка во натпреварот, а шанса добија сите наши играчи.

Поените денес ги освоија: Емилија Ивановска 15, Ивана Белокозовска 11, Лиле Лозановска 7, Стефани Најдановска 7, Емилија Бицевска 6, Анастасија Ристевска 6 и Билјана Јаковлевска 2.

More from СпортMore posts in Спорт »