Press "Enter" to skip to content

Прекрасно музичко патување со “Фонтана“ & камерен оркестар “IWConnect“ и нивните специјални гости (видеа+фотогалерија)

Втора вечер на “Време е за светскиот звук, ДОМА!“, преполна сала на Центар за култура во Битола. Светскиот звук во Битола го донесоа виртуозите Благојче Трајковски, група “Фонтана“, со камерниот оркестар “IWConnect“,  специјалните гости  Даница Крстиќ, вокал од Србија, Ангел Демирев, гитарист од Бугарија и Џамбо Агушев на труба.Сите тие им приредија на присутните на фестивалот “Музиката на светот“, едно незаборавно музичко патување со светски звук, микс на различни жанрови музика.Маестро Благојче Трајковски од група „Фонатана“ на почетокот на концертот се обрати со зборовите:-Многу сум среќен што сум вечерва тука, каде што треба да сум, а и сите ние кои вечерва ќе настапуваат пред вас, прекрасна публика. Многу емоции, големо задоволство,  што ќе настапувам вечерва дома, во Битола. Секогаш овие музички средби со вас биле многу емотивни за мене. Вечерва група “Фонтана“ и Камерен оркестар “IWConnect“ со нашите специјални гости ќе ве водиме низ едно прекрасно музичко патување, во кое се надевам ќе уживате“.Музичкото патување започна со звуците на кларинетот на маестро  Благојче Трајковски  “Мори моми Костурчанки“ која ја изведе Игор Илиевски од група “Фонатана“ потоа се продолжи со музика од овие простори и подалеку.На звуците од кларинетот на Благојче Трајковски, се придружи  Џамбо Агушев со труба.

Двајцата виртуози на своите инструменти со своите изведби ја воодушевија публиката. Им се придружи Ангел Демирев од Бугарија со звуците на својата гитарата.Даница Крстиќ солист од Србија се претстави со неколку  македонски песни и песни од Балканот.Низ музичкото патување ги придружуваа  музичарите на група “Фонтана“, камерниот оркестар, Кирил Стојчевски на хармоника. Сите заедно со публиката ја изведоа најпознатата песна за нашиот град “Битола мој роден крај“.На крај маестро Благојче Трајковски се заблагодари на публиката за прекрасната енергија и вечер. Исто така и на оние кој го овозможија овој концерт Центар за култура и директорката Маја Андоновска Илиевски, Министерство за култура и Општина Битола.

Понесени до звуците на музиката на крајот од концертот никој не размислуваше и ниту да заврши  „патувањето“ со што ги врати музичарите на сцена, неколку пати.Вечерва е трета вечер од „Време е за светскиот звук, ДОМА!„ со концертна промоција “Лилит меѓу луѓето“, со што завршува годинешното издание на музика од светот.

Жанета Ристевска