Ракометарите на Еурофарм Пелистер, утре, со почеток во 18:45 часот, во Битола, ја пречекуваат германската екипа Фуксе, која е една од најдобрите германски екипи во моментов, која со сите “Бундец“ ѕвезди ќе биде силен тест “пелистерци“, ко се соочуваат со проблеми со повредени ракометари.
Тренерот Ларс Валтер, по последниот натпревар во Битола, откри дека до последен момент нема да знае на кои ракометари може да смета и изјави:
-Суси замина на операција, Сери наскоро ќе оди и игра со 20% од силите. Надвор од тимот се Костески, Велковски, не играше и Васиљев. Себастијан Хенеберг пет дена не тренираше заради болест и денес се врати за натпреварот против Радовиш. Во овој момент не знам на кои ракометари ќе можам да сметам против Фуксе Берлин.
Фуксе Берлин денес ќе допатува во Битола со чартер лет за Македонија, и вечер ќе го има и официјалниот тренинг.