Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски пред вториот “балон“ од АБА2 лигата: имаме кратка ротација, но и огромна желба за победа

Утрово од Битола за Сараево ќе отпатуваат кошаркарите на Пелистер на “балонот“ од АБА2 лигата, во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ќе играат против екипите на Широки, Осијек и Горица. 

Натпреварите во АБА2 лигата продолжуваат по пауза од еден месец, на “балон систем“ на АБА2 лигата, а “пелистерци“ во паузата врзаа победи во домашното првенство, се консолидираа, се врати Стајиќ по повредата, дојде и Карпентер…

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, знае “каде е тенок“ тимот и ќе се обиде тој недостаток да го покрие со голема борбеност и желба, и на ден пред тргнувањето за Сараево изјави:

-Би сакале да го завршиме и вториот АБА2 “балон“ како и првиот. Во овој период се обидовме да најдеме соодветен висок кошаркар на центарска позиција, бидејќи таму правилата не ограничуваат како во нашето првенство. Не успеавме да најдеме таков кошаркар, па ќе се обидеме со тие сили што ги имаме, да го дадеме својот максимум. Ќе биде многу тешко, бидејќи ротацијата на високите позиции ротација ни недостига. Имаме три натпревари, искрено би сакал да завршат позитивно. Не би ги двоел противниците. Во првиот “балон“ тие беа со еден ростер, сега скоро сите се променети и во играчки кадар и на тренерска позиција. Три натпревари во пет дена е нешто за што треба да се има ротација, но ние ја немаме и ќе се обидеме да надополниме со желба. Веднаш по “балонот“ ни следи гостување во домашниот шампионат. Ова е пеколниот распоред кој ни следи. Посакувам да сме живи и здрави, да се израдуваме ние, клубот и градот Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »