Еурофарм Пелистер – Фуксе 34:43 (14:22)
Вечерва во Битола, во ракометна атмосфера, препознатлива за градот на ракометот бундеслигашот Фуксе Берлин му го нанесе и вториот пораз на Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ. “Пелистерци“, со состав во кој немаше неколкумина првотимци загубија со високи девет гола разлика со 34:43, полувреме 14:22.Од самиот старт на натпреварот во Битола Еурофарм Пелистер, како и на гостите од Берлин почетните напади ги завршија со голмански интервенции, а “пелистерци“ први поведоа, а потоа резултатот со головите на Руди Сери беше 5:5. Потоа германските се разиграа, а разликата растеше, а по 18 минути игра дојде на +4 (6:10). Во 23. минута разликата беше -5, а потоа и -8, со колку се отиде и на одмор, 14:22.
Во второто полувреме Фуксе продолжи лесно да погодува и предноста растеше, а дојде и до големи -12 за Еурофарм Пелистер. Следуваше и повредата на Руди Сери кој излезе од игра. Еурофарм Пелистер и во завршницара на натпреварот влезе со -10, и беше сосема јасно дека бодивите заминуваат за Берлин.
Најефикасен кај “пелистерци“ Жарко Пешевски, со осум гола.