На 22.11.2022 во 01.30 часот на ул.„Даме Груев“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода 28 годишник од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен е хероин. Тој бил приведен во полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2022 во 00.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 39 годишник од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 30 годишно лице од Битола. Во несреќата, со тешки телени повреди се здобил возачот на фиатот, и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа на СВР Битола.
На 21.11.2022 во СВР Битола, K.И. (30) од Битола пријавил дека на ул.„Партизанска“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 21.11.2022 во СВР Битола, С.Ш.(59) од Битола пријави дека на ул.„Гаврило Принцип“ во Битола бил каснат од куче скитник.