Полициски службеници при СВР Битола во соработка со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со учениците од средното сообраќајно училиште “Таки Даскалот“ денеска спроведоа превентивно едукативна активност во Битола, а посветена на користењето на зимската опрема.Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП на денешната превентивна активност рече:
-Во овој период од годината имаме влажни и лизгави коловози, голомразица, магла и намалена видливост. Затоа ние денес на возачите во Битола ќе им поделиме едукативно превентивен материјал со што ќе ги потсетиме за носење на задолжителната зимска опрема. Истражувањата покажуваат дека ефектите од лошите временски услови врз видливоста може да го зголемат времето на реакција на возачите до 75%. Утврдено е дека густата магла предизвикува најголеми проблеми при што на возачите им треба 75% повеќе време за да забележат опасност, како и дека обилниот дожд ги забавува реакциите на возачите за 30%, а снегот 34%“.
Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола рече:
-И денес ја спроведуваме оваа превентивна кампања каде што уште еднаш на возачите ќе им упатиме посебен апел да внимаваат, да се опремат со зимска опрема и да ја прилагодат брзината на патот спрема условите. Сега за сега имаме превентивни активности, но секако ќе спроведеме и санкции за возачите кои нема да поседуваат зимска опрема на возилата, а казната е 45 евра. Обврската за поседување на зимска опрема е задолжителна и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот во периодот од 15 ноември до 15 март следната година.
На крајот од активноста беше упатен и апел до сите возачи да се почитуваат ги правилата и прописите во сообраќајот и прилагодете ја брзината според условите на патот. Внимавајте на влажните коловози! Бидете одговорни и подгответесе за безбедно возење во зимски услови. Користете зимска опрема.

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Битола и РСБСП
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јавна панел дискусија со слоган “Заштити се! “ Зборувај гласно! (фото)
- “Музеите кои значат – Постојани музејски поставки и работа со посетители“ работилница во Завод и Музеј – Битола
- Одбележани 75 години национален парк “Пелистер“ (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекин на водоснабдување на дел од “Партизанска“ и други улици
- Во МНД Битола промовирана новата книга на проф. д-р Александар Литовски (фото)