Press "Enter" to skip to content

“Мотоцентар“, водечкиот импортер на пневматици, дел од кампањата “Вози безбедно, користи зимски гуми“ (фотогалерија)

На битолскиот Широк Сокак, “МОТОЦЕНТАР“ заедно со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, имаше едукативна акција поврзана со обврската за задолжително користење на зимска опрема.“ВОЗИ БЕЗБЕДНО ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ, КОРИСТИ ЗИМСКИ ГУМИ“ е слоганот на кампањата.-Зимското време се приближува, бидете сигурни дека вашето возило нема да ве остави заглавени во снегот и дека безбедно ќе можете да се движете по замрзнати, влажни и снежни коловози, истакна Моника Бошкоска од “МОТОЦЕНТАР“ кој е водечкиот импортер на пневматици и дополнителна опрема за возила во Македонија.Од 15 ноември започна обврската за задолжително користење на зимска опрема. Под зимска опрема се подразбира зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри или гуми со летен профил на сите тркала, со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.-Статистиката укажува дека дел од незгодите во зимскиот период се поради несоодветни пневматици на возилата, оттука и важноста за проверка на истрошеноста на гумите на сите тркала, монтирање на зимски пневматици доколку се летни постоечките, заради фактот што зимскиот пневматик има сосема други перформанси кои ви даваат сигурност во услови на дожд или снежна покривка. Оттука и важноста на информациите за овој 15 ноември кој е важен датум за зголемена безбедност во сообраќајот, истакнуваат од РСБСП.На денешната промоција, бројни минувачи добија вредносни ваучери од 1.000 денари за користење во еден од бројните сервисни центри на “МОТОЦЕНТАР“, од кои едниот е лоциран во Битола на “Краварски пат“. 

More from КомерцијаMore posts in Комерција »