Во Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, во просториите на Студенскиот информатив центар во Битола, Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност одржа презентација во пресрет на новиот повик и новиот буџет одобрен од Европската комисија.За можностите за остварување мобилности и пракса, пред студентите, академски кадри и “Еразмус+“ координатори на УКЛО, говореше директорот на Агенцијата, м-р Марко Ѓорѓиевски.
Тој и неговите соработници се осврнаа кон придобивките од добрите пракси што ги нудат акциите од Програмата и нивниот широк дијапазон.
При тоа се истакна дека УКЛО учествува во активностите на Програмата од 2009, а успехот во реализацијата во голем дел се должи на позитивната промоција од страна на мрежата на Еразмус+ координатори, на учесниците во Програмата и на комуникацијата со Ректоратот и универзитетското раководство.
Од името на студентите и вработените на УКЛО, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ја истакна важноста на соработката со Агенцијата во делот на Еразмус+ Програмата и нивната помош при аплицирањето во клучните акции за академска мобилност и проектни партнерства, како и за поттикот за вклучување и во другите под-програми.
Еразмус + е најпознатата програма на ЕК која финансиски поддржува активности во областа на образованието, младите и спортот.

Акциите од “ЕРАЗМУС+“ програмата претставени пред студентите на УКЛО (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа