Press "Enter" to skip to content

Во Битола претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали

Денес, петок, 25 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 11 степени.

Утре, сабота, 26 ноември, во Битола, времето ќе биде утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 7  степени.