На факултетот за психологија во Битола се отворија “Деновите на психологија“ на Меѓународниот Славјански Универзитет со панел дискусија на тема “Врсничка едукација-ефикасна алатка за промовирање на здравјето и здравото однесување на децата и младите“.Панел дискисијата ја отворија проф. д-р Анита Ристеска, декан на факултетот за психологија при МСУ и доц. д-р Ана Чучкова, основач на Денови на психологијата. Модератор на настанот беше доц. д-р Горица Поповска Налевска од факултетот за психологија при МСУ. Како панелисти ја имавме честа да говорат психолози, претставници од институции кои дирекно работат со деца и млади почнувајќи од периодот на ран детски развој па се до високото образование: доц. д-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседател на комората на психолози, м-р Марина Кузмановска ЈОУДГ „Бамби“, Жанета Ристевска психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, М-р Марија Младеновска Димитровска психолог во СОУ „Таки Даскало“, проф. д-р Сашо Кочанковски, доц. д-р Вангелица Гаврилова и доц. д-р Слаѓана Анѓелковска, професори на Факултетот за психологија при МСУ.
Здравјето е најголема вредност на секој млад човек и најважен ресурс на нашето општество. Младите можата да изберат и да водат здрав начин на живот, што подразбира активна улога на секој млад човек во зачувување на своето здравје, одговорно однесување кон себе, кон другите и животната средина во која опстојуваат и и го градат нивниот живот.
Со панел дускусија беа опфатени теми кои се однесуваа на менталното здравје и благосостојба на децата и младите, образованието и здравото однесување – алатки за детектирање на насилство кај децата и младите, врсничката едукација и идентитетски кризи во периодот на адолесценција, асертивната приврзаност и здравото однесување.
Деновите на психологија прерасна во успешна традиција и настан препознатлив за факултет за психологија на МСУ со кој се придонесува кон развојот на научната мисла, размена на идеи, искуства и позитивни практики пренесени од психолозите, а воедно се афирмира значајноста на професијата психолог пред пошироката научна и опшествена јавност. Настаност беше од отворен карактер со присуство на студенти, психолози од разни институции, љубители на психологијата кои интерактивно учествуваа со свои прашања, предлози и искуства.

Деновите на психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа