Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Музеј за сите“ – “Сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“ (фотогалерија)

Денес на пладне во салата за изложби во НУ Завод и музеј во Битола беше отворена мултисензорната изложба “Музеј за сите“ под мотото “Сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“, на која се презентирани 16 предмети од постојаната поставка на битолскиот музеј од секој период на Ирена Ружин и Јове Парговски, вработени во Завод и Музеј.Изложбата, која да напомене дека не е прва на двајцата автори, се состои тактилни слики, кои покрај “QR кодот“, со тоа што слепите и глувите лица може да ја слушнат приказната за предметот или пак да го видат видеото на знаковен јазик.На изложбата беа присутни лицата со попречености, ученици од Завој за лица со оштетен слух и говор, и од други музеи од Македонија, а за отворена ја прогласи 12 годишната Барбара Василевска, која има оштетен вид.На изложбата беа промовирани 16 нови тактилни слики наменети за лицата со оштетен вид и слух кои покрај Брајовото писмо, се придружени со со аудио приказни и видеа на знаковен јазик за артефакти на Музејот, кои се од разни периоди. Изложените експонатите содржат и “NCF тагови“, кои кога ќе се скенираат со мобилен телефон се добива аудио-материјал за делото, а се прикажува и видео на знаковен јазик.Со примена на модерни технологии Парговски и Ружин битолскиот Музеј го прават што подостапен за лицата со попречености.Ирена Ружин, координатор на проектот, која долги години работи на оваа проблематика на отворањето на изложбата рече:-И досега имаме изложувано тактилни слики на изложби, но денес за прв пат, како и самите можете да видите на тактилните слики покрај “QR кодот“ се поставени “NFC тагови“, со кои се  детектира мобилниот телефон, го активираат аудио записот за предметот и видеото на знаковен јазик. Сето “ве носи“ до информацијата на “Јутјуб“ каналот, местото каде се поставени аудио приказните и видеата на знаковен јазик. Завод и музеј Битола има преку 100 премети кои се пристапни и достапни на овој начин, а нашата девиза е музејот да биде 24 часа достапен за сите, а посетеноста е голема, не само во музејот туку и во виртуелниот свет. Пред да се одлучиме што сакаат лицата со попречености да слушаат и да видат, ние заедно со нив ослучуваме на работилниците. Мораме да се пофалиме дека ова што го правиме е прифатено од нив, а нас посебно не радуваат нивните зборови упатени кон нас: “Ништо за нас без нас“. Јове Парговски, експерт за изработка на предмети кои сам ги печати со “3Д“ штампач, кои ги “оплеменува“ со “NFC тагови“ и  “QR кодови“ веќе неколку години и нив ги има презентирано во Грција, Хрватска и Србија за оваа нова технологија рече:-За овој начин на презентирање на артефактите се одлучивме бидејќи увидовме дека кај нас а и голем проблем на светско ниво е непознавањето на Брајовото писмо. На светско ниво само 5 проценти од слепите лица знаат да го читаат, а во Македонија тој процент е 6. Без опис, тактилната слика е бескорисна. Преку “NFC таговите“ постигнуваме можност секој да ја разбере. Единствено што треба е да се има паметен телефон, се кориси “NFC“ технологија која е јавно достапна, тоа е онаа што ја имаме на кредитните картички за бесконтактно плаќање. Со самото скенирање на тагот лицата со попречености, но и останатите посетители на музеите, добиваат аудио опис за соодветниот предмет и видео на знаковен јазик.Денес уште еднаш беше прикажано како со скенирање на “NFC тагот“ од макетата за Хераклеја можат преку допир, но и со аудио снимка или видео на знаковен јазик, лицата со попреченост да го прошетаат целиот локалитет.И лицата со попречености кои денес беа присутни на изложбата ја искажаа својата благодарност за начинот на кој сега го “гледаат“ музејот, а сликите можат да ги допрат и чујат, како и за работилниците во кои активно беа активно вклучени.

More from ВестиMore posts in Вести »