Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Николче Јанкуловски нов претседател на Сенатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ (фото)

Проф. д-р Николче Јанкуловски, редовен професор од Факултетот за биотехнички науки – Битола, избран е за претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Заблагодарувајќи се за едногласната поддршка, тој ја истакна определбата за координирана работа, обезбедување кохезија меѓу Универзитетскиот сенат, Управата и студентите, нопходни за јакнење на капацитетите на УКЛО, зголемување на видливоста и постигнување на целите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.Инаку, постапката за избор на Претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија, со тајно гласање, на 207. седница на Универзитетскиот сенат, на која  присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот на УКЛО.Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е една година.