Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер во Германија против уркаински Мотор, Хенеберг постигна 14 голови

Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер 30:33 (16:18)

Еуерофарм Пелистер во рамките на 4. коло од “Д“ групата ја забележа втората победа, овој пат над екипата на Мотор Запорожје со резултат 30:33, полувреме 16:18, и со тоа се на чекор до осминафиналето.

Натпреварот започна со водство на Мотор со 2:0, а потоа беше 4:4. Во 9. минута Еурофарм Пелистер за прв пат поведе. Следуваше израмнување на 6:6 во 12. минута, потоа и 10:10 во 17. минута. Во 24. минута Еурофарм Пелистер поведе со 12:14, а следуваа одлични одбрано на Лесјак. Пешевски погоди со звукот на сирената и на одмор се замина со 16:18.

“Пелистерци“ подобро го почнаа вториот дел, за највисоки 18:23 во 38. минута, а потоа одржуваа 4-5 гола предност, а потоа беше и 26:32. Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и рутински славеа со 30:33.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Хенеберг со 14 и Радовиќ со 4 погодоци.