Топ Гол – Мала Речица 2:0 (1:0)
Во Битола во рамките на шеснаесет финалето од Куп на Македонија за жени екипата на Топ гол ја елиминира Речица и се пласира во следната фаза од ова натпреварување.
Во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, под отежнати временски услови за игра битолчанки со конечен резултат од 2:0, полувреме 1:0 ги совладаа кумановски.
Стрелец на головите за Топ гол беше Ивана Милевска во 42. и 66. минута.
-Честитки за моите фудбалерки за оваа победа. Ова беше круна за крај за перфектната полусезона. Ги победивме Речица и за нас е од огромно значење зашто покажавме дека имаме потенцијал за големи резултати и дека можеме да доминираме и со прволигашки екипи. Имавме контрола за време на целиот натпревар и жалиме што пропуштивме уште некоја шанса за гол. Браво за двете екипи за фер-плеј односот за време на целиот натпревар, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
За Топ гол настапија: Талевска, Трајчевска, Марковска, Димитровска, Давчева, Талевска М., Гоцевска, Стојчевска, Милевска, Стевановска и Гроздевска уште играа Неделковска, Јовановска, Павловска, Куновска и Триста.
Топ гол е есенски шампион без пораз со само еден промен гол и 1/8 финалист во Купот на Македонија.