Press "Enter" to skip to content

48 часовен хакатон во Битола посветен на Финтек решенија (фотогалерија)

Битола, изминатиот викенд беше центар на заинтересирани студенти и програмери кои во 48 часовен хакатон го покажаа своето знаење и вештини во креирање на апликации за финтек индустријата. Хакатонот се одржа во новоотворениот Финтек хаб на првата национална финтек компанија, формирана од домашен капитал – СН финансии во Битола. Учесниците, поминаа интензивни 48 часови работејќи на своите идеи а најдобрите освоија чек од 3.000 евра.-Целта на Финтек Хакатонот беше на младите луѓе, студенти и програмери да им се пружи активно знаење од оваа област, при што имаа прилика да креираат сопствени продукти и да ги унапредат своите вештини со поддршка на редицата домашни и странски ментори кои ги обезбеди ПРЕДА плус фондацијата за одржлив развој, но и да се запознаат со едно работно опкружување на цел еден тим кој им помага во идејата. Оваа програма е дел од еден обемен проект INNO-ECOSYSTEM кој е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка. И ова е само почеток на вакви настани. По завршувањето на овој сегмент, веќе одиме на следниот проект кој е поставен на ист принцип, но ќе биде насочен кон иновативни технологии во една друга индустрија. Наскоро многу детали и за него, истакна Маријана Милевска, директорка на ПРЕДА плус.На Финтек Хакатонот претходеа серија настани кои имаа за цел да ги селектираат најдобрите тимови кои ќе влезат на хакатонот, сите ученици добија и обука за Design thinking од Solveo, која ги содржеше сите фази, корисни алатки и техники кои учесниците ги применија во своите проекти кои ги развиваа на хакатонот.-Имаме веќе дефинирана старт ап заедница, Битола со над стотина комапнии во ИТ секторот станува интересен играч кој се наметнува не само национални, туку и глобално. А мојата визија од пред две години, да станеме како Битола и центар за развивање на Финтек идеи со овој проект кој го работиме партнерски со ПРЕДА плус, станува реалност. Условите на пазарот се добри за македонскиот технолошки сектор. Финтекот е веќе дел од развојната заедница на Македонија, а дел од нас веќе работиме на проекти надвор од границите. Тоа значи дека нашите инвестиции во анимирање на младите сили да се насочат во оваа бранша се сосем оправдани. Видов одличен потенцијал и многу креативна енергија на 48 часовниот хакатон, изборот на ментори им даде шанса на овие млади луѓе да учат од најдобрите, да развиваат финтек продукти од новата генерација, но и сами да трасираат пат за нови промени во финтек секторот. Тоа е огромна прилика за оние кои сега почнуваат, за разлика од нас кои тоа пред неколку години го немавме. Ова е секако важно и за искусни колеги кои работат на проекти на иднината, истакна Никола Јошевски, генерален директор на СН финансии.Судиите на хакатонот, немаа лесна задача да го изберат најдобриот тим.-Потребно беше над 60% од планираното време за жири комисијата да одлучи кој е победник на првата финтек стартап програма. Сите тимови работеа посветено, страсно и со ентузијазам на нивните иновативни решенија што беше многу тешко да се одлучи. Разликата беше бо нијанси. Победничкиот тим Брошуранс е во областа на осигурувањето и помага на корисниците да донесат едуцирана одлука која понуда на пазарот е најсоодветна според однапред дефиниран алгоритам кој со тек на време станува “попаметен“, изјавија судиите по објавувањето на одлуката. Победниците се велешаните Благојче Јосифоски, Билјана Илијевска Давчев, Стеве Наќески и Мите Штериовски со својота идеја Broshurance.Broshurance е платформа за брокерски маркетинг, менаџирање на клиенти и купување на осигурување кое е скроено за секој клиент посебно. 48 часовен хакатон во Битола посветен на Финтек решенија Битола, изминатиот викенд беше центар на заинтересирани студенти и програмери кои бо 48 часовен хакатон го покажаа своето знаење и вештини во креирање на апликации за финтек индустријата. Хакатонот се одржа во новоотворениот Финтек хаб на првата македонската финтек компанија, формирана од домашен капитал СН финансии. Учесниците, поминаа интензивни 48 часови работејќи на своите идеи а најдобрите освоија чек од 3.000 евра, спонзорирани од Финтек хабот, кој е партнер на проектот.Со последната Финтек програма, настапува национално, а со ангажирање на редица домашни и странски ментори и гости, со богата програма на која имаше и панел дискусии и иновативни форуми, најавува дека веќе работи систематично на мапирање на полињата на иновации во земјата, поттик и нивно јакнење, а околу оние со најмногу потенцијал планирање на формирање на првите македонски супер кластери, поврзување со сите клучни актери со една цел да се насочи пошироката заедница кон јакнење на технолошките иновации.