Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени три лица, Гркинка удрила во ограда кај Кравари, кривична за разбојништво, каснување од куче скитник

На 02.12.2022 на ул. “Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 21, 28 и 19 години, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена ќеса со прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 13.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, 51 годишна жена од Република Грција, управувајќи патничко возило “нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото и удрила во заштитна ограда на патот. Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

СВР Битола, до Основното јавно Обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 42 и 33 години, двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. На 16.11.2022  во круг на фирма на ул. „Новачки пат“ во Битола, пријавените одзеле повеќе предмети и со нож им се заканиле на вработените. 

На 01.12.2022 во СВР Битола, Т.Ј. (64) од Битола пријавила дека на ул. “Анести Пановски“ во Битола била касната од  куче скитник.