Како и се најавуваше така и беше денес во Битола, под Тумбекафе, каде покрај битката за бодови на теренот, на трибините имаше и навивачка битка помеѓу “Чкембари“ – Битола и “Комити“ – Скопје.
“Чкембарите“ кои се обединија од цела Битола, Ушици, Баир, Центар, Карпош, Нова Битола… овој натпревар го одбележаа онака како и доликува, без инциденти, но со се она што значи навивање и поддршка на својот тим.
Имаше пиротехничко шоу со многу бакли, најмногу во зелена боја, се пееја навивачки песни, имаше знамиња, шалови…
И на “чкембарската трибина“ од сите возрасти, тука беа ветераните, младите бригадири… се на се натпревар кој од навивачка гледна точка уште долго ќе се коментира, но и ќе се жали за двата неосвоени бода по ремито во Битола.
Низ фотографии ќе се обидеме да доловиме како беше на трибината каде се наоѓаа “Чкембарите“.

“Чкембарите“ во Битола со пиротехничко шоу, навивачки песни, транспаренти, знамиња, шалови… недостигаше само победа (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
- Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“
- СВР Битола: вевчанец возел со 1.71 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе на „Илинденска“
- Во Битола сончево, температурата до 30 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер ги започна подготовките, целта експресно враќање во Прва лига (фотогалерија)
- Кристијан Симоноски е нов играч во Еурофарм Пелистер 2
- “Двојката“ со ново засилување, Божидар Илиески е нов играч на Еурофарм Пелистер 2
- Паднаа првите потписи во ФК Пелистер, Ристевски, Спировски, Мрмачовски и Димовски
- КК Пелистер без репрезентативните бекови, Стајиќ во Куманово, Лука во МЗТ, Андреј во Америка










