ЈКП “Водовод“ од Битола известува дека во текот на денешниот ден 07.12.2022 (среда) поради санирање на дефект (Ф- 160) на уличната мрежа на ул. “Индустриски пат“ (пред “Синпекс“), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од селата Поешево Логоварди, старо “Прогрес“ и фабриката “Идеал Шипка“.
Екипи на “Водовод“ – Битола се на терен, а прекинот ќе трае до завршување со санацијата на дефектот.