Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со пораз во Шпанија, Бидасоа лесно до бодовите

Бисадоа – Пелистер 32:20 (20:12)

Иако од Битола отпатува за Шпанија со умерен оптимизам, ракометарите на Еуеорофарм Пелистер во Битола се враѓаат со тежок пораз, искажан со негатива од 12 голови, 32:20, полувреме 20:12, од екипата на Бисадоа.

Повредите кои го следат Еурофарм Пелистер го натераа Ларс Валтер на чести ротации, а и ракометарите имаа многу технички грешки и катастрофално одиграно прво полувреме. Бисадоа  во првото полувреме постигна 20 гола и го реши победникот. Само стартот беше рамноправно и првите 10 минути беше рамноправен натпревар.

Стартот на второто полувреме беше во знак на Кизиќ, кој имаше 5 одбрани и без примен гол 7 минути, но тимот не го искористи тоа пресврт во натпреварот. Потоа повторно се беше во корист на Шпанците за висока победа од 32:20.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Хенеберг со 5 и Танкоски со 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »