Press "Enter" to skip to content

Концерт на “Младинскиот мандолиски оркестар” при КУД “Стив Наумов” од Битола (фотогалерија+видео)

Со громогласен аплауз во Малата сала во Центрот за култура во Битола, младите талентирани музичари,  со познатата композиција “Битола Бабам Битола“ деновиве го отворија концертот на “Младинскиот мандолиски оркестар” при КУД “Стив Наумов” од Битола, кој се одржа во рамките на “Битфест“.Воведен збор на концертот имаше професорот Љубо Трифуновски, кој долги години и е познат на битолчани како диригент на познатиот хор “Стив Наумов” кој има добиено безбројни награди и е еден од најуспешните хорови во државата и пошироко.Професорот Трифуновски изненаден од талентот на овие млади мандолинисти со пофални зборови пред публиката истакна дека ќе даде се од себе да овие млади деца својот талент го покажат и надвор од државата.

Младите талентирани музичари кои беа задолжени за добрата атмосфера и прекрасните звуци кои излегуваа од нивните инструменти, а беа наградувани од присутната публика со аплауз се: Први мандолини – Марко А., Миа Ѓ., Алек С., Андреј И., Јована П., Антонија Г. Лина К.и Ева А.Втори мандолини Изабела М., Стефан С., Ана Ј., Давор П., Виктор К., Сергеј П. Мандоли-Евгенија Д., Андреј Н., Ивана Т. Гитари- Матеј Т., Давид М., Иван. М., Софија К. и контрабасиститеДанило и Евгениј. Сите овие музичари беа водени под диригентска палка на дипломираниот професор по Музичка уметност Мирко Митровски.Во малата сала се слушаа познатите композици: “Ода на радоста“, “О sole mio“, “Налеј, налеј“, “Sara, perche ti amo“, “Македонско девојче“, “Rinaldo Von Handel“, “Pulp Fiction“ (movie theme), секако како вокал ја слушнавме прекрасниот вокал Ангела Костовска и специјалниот гостин на концертот Емилија Богоевска на виола.За крај на концертот, по барање на публиката, мандолинскиот оркестар ја засвири позната нумера од групата “Леб и Сол” – “Чукни во дрво“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »