Еурофарм Пелистер – Струга 34:14 (18:4)
Во рамките на 7. коло од ракометната пионерска лига на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ убедливо славеше против екипата на Струга со резултат 34:14, полувреме 18:4.
Избраниците на Петровски имаа контрола уште од самиот почетокот на натпреварот и убедливо доминираа во текот на сите 40 минути.
Најефикасен во победничката екипа беа: Ѓорѓиевски со 6, додека Лазаревски и Марковски поостигнаа по 5.
После 7 кола екипата на Еурофарм Пелистер, има 6 победи со импресивна гол разлика од +65 голови и практично со една нога се пласирaни во 1/4 финалната фаза од ова натпреварување.